Заложба за продлабочување и интензивирање на економските односи меѓу Македонија и Русија изразија премиерот Никола Груевски и претседателот Владимир Путин на средбата што се одржа денеска во Санкт Петербург.

Македонскиот премиер и рускиот претседател на средбата ги истакнаа добрите политички односи меѓу двете земји на севкупно ниво, односи коишто, како што беше заклучено, се во нагорна линија, пренесува „Макфакс“

Груевски и Путин констатираа дека двете земји успешно се справија и справуваат со последиците од глобалната економска криза, која е сериозен предизвик за сите земји од светот.

Соговорниците изразиле заложба и поддршка за продлабочувањето и интензивирањето на економските односи, зголемувањето на економската соработка на планот на инвестициите и трговската размена.

Меѓу клучните приоритети за кои се разговарало е соработката во областа на гасификацијата и вклучувањето на Македонија во меѓународните коридори за пренос на гас, што ќе отвори нови перспективи за македонската економија.

OhridNews
извор: „Макфакс“