Владата и локалната самоуправа заеднички ќе работат на реализација на проекти кои се од интерес на граѓаните.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски по средбата со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, што се одржа денеска во зградата на општината.


На двочасовната средба на која присуствуваа и вицепремиерот Абдулаќим Адеми, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и министерот за образование Никола Тодоров, било разговарано за изградба на инфраструктурни проекти, хотели, пречистителни станици и друго. Станало збор и за проблемите кои општината ги има со одредени јавни претпријатија, а се дискутирало и околу донесувањето нз Законот за Охрид.

– Законот за Охрид треба добро да се осмисли, а во предвид ќе бидат земени и денешните раговори и предлози кои ќе се разгледуваат на седница на Владата, рече Груевски.


Тој истакна дека на срадбата се разговарало и за реализација на капиталните проекти како што се изградбата на Универзитетот за информатички технологии кој трајно ќе биде сместен во касарната во Охрид, која како што истакна премиерот, „ги има сите потребни услови кои на државата ќе и заштедат и време и пари“. Исто така била побарана дозвола од општината за адаптација на Домот на АРМ каде привремено ќе биде сместен новиот универзитет, како и за булеварот „Железничка“.


Средбата Груевски-Петрески доаѓа една недела по посетата на американскиот амбасадор Рикер на Охрид, на која охридскиот градоначалник се пожали на нефункционирањето на децентрализацијата и слабата комуникација помеѓу централната и локалната власт. Премиерот истакна дека постои комуникација помеѓу општината Охрид и Владата посочувајчи дека тој и Петрески се сретнале минатата година, додека министерот Јанакиески тоа го направил најмалку 50 пати.

-Има комуникација помеѓу владата и општината и ние се обидуваме да помогнеме каде што можеме. Ние сме од различни политички партии, но работиме за граѓаните, така што независно кој од каде дошол наше е да соработуваме за да помогнеме општината, градот Охрид да има бенифит кој ќе го почувстувуваат сите во Република Македонија, истакна Груевски.

Претседателот на македонска влада истакна дека државата не се откажала од идејата за изградба на елитен хотел во Охрид и дека се предвидени повеќе други проекти за развој на туризмот.

– Планираме да распишеме нов тендер за продажба на локалцијата предвидена за изградба на луксузен хотел, а покрај тоа се планираат уште 5-6 други локации за хотели на охридската ривиера кои ќе бидат ставени на продажба откако имотно правно ќе бидат исчистени локациите, рече Груевски.


Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески изрази задоволатво од разговорите со премиерот и владините министри, истакнувајќи дека средбата била мошне конструктивна и корисна.

-Јас сум убеден дека она за што разговаравме ќе го реализираме во интерес на општина Охрид и во интерес на Република Македонија, рече Петрески

Ohridnews