Како што известуваат од Владата, двајцата премиери се согласни дека решението треба да оствари низ дијалог и динамичен процес под покровителство на Обединетите нации.
Двајцата премиери разговарале за прашањата од заемен интерес, економските ситуации и предизвици во двете земји и за состојбите во регионот, се додава во соопштението на Владата на Република Македонија.
Средбата е дел од континуираниот македонско-грчки дијалог и во насока на подобрување на квалитетот на односите меѓу двете земји. Ова беше десетта средба меѓу Груевски и Папандреу и прва по предвремените парламентарни избори во Македонија.
извор: „Макфакс“