Иако официјално предизборната кампања за претседателските и локални избори започнува на 2 март, политичките партии и нивните кандидати, ја користат секоја прилика да се промовираат во јавноста. И покрај набиената агенда премиерот Никола Груевски вчера најде малку време за прошетка низ охридската чаршија. Во друштво на Груевски беше кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Трендафилов – Нанче, како и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, дел од охридските пратеници и раководството на општинскиот комитет на партијата.



Груевски и Нанче се прошетаа низ охридската чаршија

ВМРО ДПМНЕ интензивни активности најавува и за денеска кога според најавите во Охрид ќе престојува министерот за одбрана Зоран Коњаноски. Тој ќе оствари средба со охриѓани, а заедно со кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов ќе се сретне со жителите на Велгошти и Лескоец.

Ohridnews