Груевски и го честита златниот олимписки медал и светскиот рекорд на Бикова
02.09.12 16:55
Македонскиот премиер Никола Груевски упати телеграма со честитка по повод освојувањето на златниот медал и поставувањето светски рекорд на македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова.
Во петокот, 31-ви август македонската параолимпијка на игрите во Лондон, Оливера Наковска-Бикова, го освои златниот медал, во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, а притоа постави и нов Параолимписки рекор
„Со големо задоволство и радост ја примив веста за Вашиот голем успех, и за постигнатиот светски рекорд и освоеното прво место во најсилната конкуренција на параолимписките игри“, се наведува во честитката од премиерот Никола Груевски.
Груевски, заблагодарувајќи и’ се Наковска-Бикова во името на граѓаните и Владата на Република Македонија, и од свое лично име, изрази „голем почит за Вашето огромно достигнување и благодарност од името на целата нација за промоцијата на нашата земја Македонија. Вие сте хероина на нашата земја, а македонските граѓани заедно со Вас се радуваат и го слават Вашето дело“
Премиерот изразува во телеграмата и големо почитување за вложениот труд, знаење и вештини на македонската спортистка чиј резултат постигнат во Лондон сигурен е еден од најсветлите моменти за македонскиот спорт.
„Првото место на параолимписките игри и постигнатиот светски рекорд, се резултат на Вашата посветеност, неуморност, верба и квалитет, и во исто време тоа е најдобар пример како се претставува националниот дрес и се промовира Татковината. Вие, Оливера, се запишавте не само на светлите страници на нашиот спорт, туку и на страниците каде се бележат личностите кои постигнале најголеми достигнувања на светско ниво, и треба да уживате во Вашиот успех, постигнат како резултат на сопствените вредности“, се вели во телеграмата од премиерот Груевски.
Додава дека ваквите успеси се и причина повеќе „Владата да продолжи со поддршка и инвестиции во спортот, и да работи на унапредување на условите за развој на спортистите и на нивните резултати и постигнувања“.
Греувски во оваа пригода посакувајќи и’ на Наковска-Бикова нови успеси, не ја испушти можноста да им честита на големиот успех и на другите членови на македонската олимписка делегација во Лондон.
Премиерот, исто така, упати и покана за лична средба по завршувањето на Игрите, на која ќе „ги споделиме впечатоците и идеите за понатамошните движења кон новите цели и успеси“, вели Груевски
Фудбалерите на Охрид во рамки на 17-то коло од Втората македонска фудбалска лига денес гостуваат кај екипата на Арсими Натпреварот се игра денес со почеток во 14 часот на стадионот во Гостивар Ohri...
Ракометарите на Охрид во рамки на 19-то коло денес гостуваат кај Тинекс Пролет во Скопје Овој меч е важен за „гладијаторите“ за рехабилитација по поразот од Е Пелистер во дербито и задржување на че...
Битката за плеј-оф местото почнува од овој викенд кога кошаркарите на Охрид во рамки на 15-то коло од Втората кошаркарска лига ја пречекаат екипата на Соколи од Штип Дојдете и бидете нашиот 6-ти иг...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.