Грција да размисли околу поставувањето вето на состанокот на Советот на министрите на Европската Унија на 7-декември, побара македонскиот премиер Никола Груевски на вечерашната средба во Пили со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу.

Грчкиот министер пак од своја страна ги повторил максималистичките позиции на Грција околу името, кои беа неодамна соопштени во Њујорк.

По средбата Груевски изјави дека ваквите директни разговори кои се водат паралелно со официјалните преговори кои се водат под покровителство на ООН, се чекор напред во изнаоѓањето заедничко прифатливо решение.

Груевски исто така додаде и дека Грција со уцени и блокади не постигнува ништо, а како доказ за тоа го посочил тоа што по ветото на самитот на НАТО во Букурешт, односите меѓу двете држави се влошиле.