Пораките дека Македонската црква ќе биде призната во православието само ако го смени името јасно укажува дека проблемот не е црковен и канонски, туку целосно политички, се наведува во писмото до медијаторот Нимиц.
Груевски во писмото се залага за градење добрососедски односи, но потенцира дека Грција, во последно време несразмерно го зголемува својот воен потенцијал во однос на соседните земји.
Писмото до Нимиц, Груевски го упати на само два дена пред продолжување на преговорите за името во Њујорк.