Премиерот Никола Груевски стана татко по втор пат. И овој пат неговата сопруга Боркица на свет донесе девојче, кое се родило вчера околу 23 часот во приватната гинеколошко акушерска клиника Систина.

Името на новиот член на семејството Груевски се уште не се знае.

Груевски веќе се родители на двегодишната Анастасија, која се роди во ноември 2007 година.

Ohridnews