“Кон подобар живот за сите-Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, што направивме и што треба да направиме. Отчет на ВМРО-ДПМНЕ“, е тема на трибината што во организација на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид, ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ .
На трибината како што е најавено ќе говори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, а ќе се обратат и други високи функционери на партијата.
Трибината започнува во 20:30ч.
Претходно во 17:30ч. Груевски ќе се обрати на трибината што на иста тема ќе се одржи во х. Дрим во Струга.
ohridnews