– Уште од 1992 година МРФ е примена и се натпреварува под уставното име на сите светски натпревари во организација на ЦИПС . Пред две години за првпат се појавува грчка репрезентација во натпреварите за риболов и бара да го смениме името затоа што Македонија во Светскиот олимписки комитет е примена како БЈРМ и сугерира ЦИПС да ни го смени името. Сакаме да нагласиме дека натпреварите во спортски риболов во било која дисциплина и конкуренција не се составен дел на олимпијадите.-вели Димитриески.
Тој најави дека ќе биде испратено протестно писмо до сите членови на управниот одбор на (ЦИПС) и до сите светски асоцијации за риболов, односно до нивните претседатели и генерални секреатари од сите пет континенти
– Со ова писмо бараме Македонската риболовна федерација чија членка е и нашиот клуб да има еднаков третман како другите федерации и да престане тој дискриминирачки однос. Истото писмо го упативме и до над 5000 спортски риболовци од светот од кои бараме поддршка.-рече Димитриески.
Од СРК Св.Апостол Петар нагласуваат дека доколку дојде до било какви промени во името на федерацијата ќе го откажат своето членство во Македонската риболовна репрезентација и нема да учествуваат на натпревари кои ги организира ЦИПС.
– Од Македонските институции бараме да поднесат предлог резолуција до советот на Обединети Нации во која ќе се бара Македонија да биде примена под уставното име за да престанат сите овие голготи на спортистите од Македонија.-додаде Димитриески.