Грчките туристи кои вообичаено во голем број доаѓаа во Охрид за Велигденските празници, оваа година нема да бидат присутни на ривиерата.

Од декември наваму се откажани сите аранжмани кои ги имавме склучено со грчките туроператори, ни изјави Никола Миленкоски од х. Ривиера. Грците ги нема но затоа во Охрид за Велигден во голем број ќе престојуваат туристи од Србија и Бугарија, вели Миленкоски.

Во меѓувреме Охрид забрзано се подготвува за продолжениот празничен викенд кој заедно со првомајските празници ќе биде репер за претстојната туристичка сезона. Се уредува зеленилото во центарот на градот, се коси тревата од парковите, се средуваат улиците, со цел Охрид што поподготвен да го пречека првиот поголем бран туристи.


Охрид подготвен за празниците

ohridnews