Вчерашната изјава на грчката министерка Дора Бакојани, покажува дека Грција цело време имала стратегија да ја блокира Македонија за членство во НАТО и дека глумела преговори, изјави денеска во Охрид премиерот Никола Груевски.

– Практично ние цело време говоревме со моите соработници дека таму не гледаме преговори дека гледаме од другата страна барање начин како да не се договориме. И ние цело време тоа  го кажувавме во јавноста но постојано на домашен план, и се разбира од страна на Грција бевме напаѓани дека не сакаме преговори, рече Груевски.

Според премиерот вчерашната  изјава на Бакојани  јасно покажала дека Грција една година пред самитот имала одлука да не дозволи влез на Македонија во НАТО.

-. Политичарите во Македонија не ни веруваа ние постојано укажувавме на тоа и повикувавме на една посмирена реакција и сега во овој момент кога се се обелодени и стана се јасно не барам од СДСМ да признава грешка и да се извини за сите погрешни ставови, барам уште еднаш единство во понатамошните чекори, изјави Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање за меѓуетничките проблеми во средните училишта во Струга, Груевски уште еднаш повтори дека тие се последица на Законот за територјална поделба и дека Владата прави напори да го реши проблемот иако таа не го предизвикала. „Ако ме прашувате мене добро е да има мешани смени, но дали е тоа возможно и дали е тоа возможно на краток рок  е прашањето кое треба да се види како може одговори. Сепак треба да се видат добро работите на терен пред да се аде конечен одговор“, рече Груевски.

Ohridnews