Грците со убедливо мнозинство на референдумот ода денеска се изјасниле за одбивање на програмата на меѓународните доверители за продолжување на пакетот за финансиска помош на нивната земја, покажаа официјалните проекции на конечните резултати, а Атина најави дека грчката централна банка уште во неделата навечер ќе испрати до едниот од кредиторите Европската централна банка (ЕЦБ), барање на грчките банки да им биде подигнато нивото за итна помош за ликвидност (ELA), соопштија од владата, пренесува „Макфакс“.
Според агенцијата Singular Logic, којашто ги обработува резултатите за министерството за внатрешни работи, се проценува дека гласањето „не“ со што се отфрла програмата на доверителите ќе мине 61 отсто.
Извори од грчкото министерство за внатрешни работи за агенциите брифирале дека по пребројувањето на околу 20 отсто од гласачкиот материјал, против пакетот на кредиторите односно со „не“ гласале 60,54 отсто, додека со „за“ гласале 39,46 отсто од гласачите.
Ваквиот исход ќе значи зацврстување на позициите на премиерот Алексис Ципрас, кој повика во да се гласа против програмата за помош на преговорите, но кога се однесува за домашната политичка сцена. Тоа не му гарантира и, како што сакаше пред гласањето да истакне, и поцврста позиција во преговорите со доверителите, бидејќи сега на маса најверојатно ќе се најде сосема поинаков предлог и секако услови.
Проевропските партии и челници од еврозоната предупредија дека гласањето против понудата, која Ципрас ја нарече ултиматум, че претставува пречка во преговорите и ќе ја насочи Грција кон излезот од еврозоната.
Меѓутоа,владиниот портпарол Габриел Саккелеларидис за телевизијата ANT1 во неделаа навечер најави дека грчката централна банка уште во неделата навечер ќе испрати до едниот од кредиторите Европската централна банка (ЕЦБ), барање на грчките банки да им биде подигнато нивото за итна помош за ликвидност.
„Грчката народна банка уште денеска ќе го упати тоа барање и веруваме дека имаме добри основи да ја подигнеме ELA . Нема причина ликвидноста да не се зголеми“, рече Сакеларидис според кои „иницијативите за постигнување договор“ меѓу Атина и кредиторите „ќе бидат интензивирани уште вечерва“.
Додека трае на сила ограничувањето,м Грците нема да можат да ја подигнуваат готовината која ја имаат во сефовите во грчките банки, а исто така останува и контролата на движењето на капиталот како и прописот за најмногу 60 евра кои може да се подигнат од банкомат дневно на една картичка, истакна за телевизијата TV Alfa, заменичката министер за финансии Надиа Валавани.
Владата ја донесе ваквата забрана за грчките банки да не останат без пари, бидејќи претходно кога во деновите кога истекуваше рокот за исплаќање на долгото од 1,6 милијарди евра кон Меѓународниот монетарен фонд, што Атина не го испочитува на 30-ти јуни, грчките штедачи си ги повлекоа депозити од повеќе милијарди евра.
OhridNews
извор:„Макфакс“