Младата репрезентација на Македонија ќе и гостува на Грција во првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2011 година ќе се одржи воо Данска. Првото коло од квалификациите се игра на 28 март.
Македонија е во група со Грција, Англија, Португалија и Литванија.
Натпреварите ќе се играат во следните термини:
28.03.2009 Грција – Македонија
04.09.2009 Македонија – Англија
09.09.2009 Македонија – Литванија
09.10.2009 Англија – Македонија
13.10.2009 Македонија – Португалија
13.11.2009 Литванија – Македонија
04.09.2010 Македонија – Грција
07.09. 2010 Португалија – Македонија
Од сите 10 групи првите и четирите најдобро пласирани втори, играат плеј-офф. 7 победници и домаќинот Данска играат во завршница.
Со Англија досега игравме квалификации за ЕП во 2002 и 2003г. Во Рединг загубивме со 3-1, додека на Чаир одигравме 1-1.
Во истите квалификации бевме заедно во група и со селекцијата на Португалија од која двапати бевме поразени со 1-0 и 1-4.
Во далечната 1997/98 г. во квалификации за ЕП ги одмеривме силите и со Литванија. Победа во Кратово со 2-1 и пораз на гости од 1-0.