Грција ќе гради споменик на големиот војсководец и освојувач Александар Македонски во Ирак. Ова го договориле министрите за надворешни работи на двете земји на средба во Атина.
Споменикот како што соопшти грчкото МНР ќе биде изграден во близина на градот Мосул и ќе ја симболизира големата победа на македонската фаланга над војската на Персија кај Гавгамела во 331 година (п.н.е.).
Александар кај Гавгамела го порази бројно надмоќниот непријател предводен од персискиот цар Дариј и на 25 години се прогласи за освојувач на Азија.