Грција на референдум одлучува за судбината на земјата. Околу 10 милиони Грци од утринава се изјаснуваат на референдумот за предлозите на кредиторите, кои предвидуваат дополнителни мерки на штедење, во замена за финасиска помош. Според последните анкети, судбоносниот референдум е крајно неизвесен.
Избирачките места се отворени во 7 часот по локално време, а гласањето ќе трае до 19 часот. Според најавите, првите прелиминарни резултати ќе бидат објавени во 21 часот. Локалните медиуми пишуваат дека голем број избирачи биле собрани пред гласачките места најмалку половина час пред отворањето.
Одржувањето на референдумот за договорот со европските кредитори, го иницираше премиерот Алексис Ципрас, а гласањето е организирано за само девет дена. Последен пат, Грците на референдум гласаа пред 40 години, односно во 1974, кога одлучуваа дали да се отфрли обновувањето на Монархијата, по падот на т.н. „Црни полковници“.
OhridNews
извор Телма