Стотици илјади туристи кои се на одмор во Грција се блокирани поради општиот штрајк кај нашиот јужен сосед.

Туристите не можат да наточат гориво и да се вратат дома, а ситуацијата добро ја искористуваат шверцерите кои литар гориво го наплатуваат и до 5 евра, што инаку во Грција чини меѓу 1,25 и 1,40 евра. Некои бензиски пумпи на полуостровот Халкидики, каде што има и најголема концентрација на туристи од Македонија и соседна Србија, бензинот на црно им го продаваат по 20 евра за литар.

Македонското министерство за надворешни работи деновиве упати препорака на граѓаните кои планираат да патуваат во Грција со патнички возила, да влегуваат во земјата со полн резервоар гориво и да внимаваат на количеството гориво неопходно за враќање во Македонија. Во соопштението се наведува дека ситуацијата е посебно влошена во туристичките места каде што воопшто нема гориво и веќе има случаи на странски туристи останати на отворен пат.

Ohridnews