Над 2000 грчки туристи претстојуваат во Охрид за католички Божик.
Хотелите “Метропол“ и “Белви“ за католички Божик се целосно исполнети со туристи од Грција, а за Нова Гоидина очекуваме и гости од Србија, Бугарија, мал дел од Албанија и секако од Македонија, ни изјави хотел менаџерот Боро Тасески.
Според најавите на хотелиерите Охрид за претстојните празници ќе биде солидно исполнет. Слободна соба во поексклузивните хотели на ривиерата скоро и да нема, а интерес постои и за приватното сместување.
Слободни места речиси да нема и во хотелите “Гранит“ и “Инекс“, каде исто така најмногубројни ќе бидат странските гости. Слободни места нема и во помалите хотели во градот како “Милениум“, “Дончо“ и “Чинго“.
Охридските хотели најчесто нудат тридневни аранжмани за дочекот на Нова Година, а цената во зависност од категоризацијата се движи од 80 до 240 евра.
И угостителските објекти ќе бидат исполнети во најголем дел. Цената на свечената вечера за најлудата ноќ се движи од 1500 до 2500 денари, додека кафетериите, ноќните клубови и дискотеките имаат шарена понуда, од слободен влез до резервација која чини околу 1000 денари.