Охридскиот клуб за бразилско џиу џицу освои вкупно 12 одличја на Интернационалниот турнир кој се одржа во Скопје. На турнирот учествуваа над 150 натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Украина. 

„BJJ Ohrid“ настапи со 14 борци, а 12 од нив успеаја да освојат медал. Еден од 12-те медали беше со златен сјај, пет беа со сребрен, додека седум со бронзен.

Тренерите Благоја Трајчески и Дејан Чолески задоволни се од настапот и во иднина очекуваат повеќе успеси и подобри пласмани.

Инаку, охридскиот клуб тренира три пати неделно и секогаш ги отвара вратите за заинтересираните за откривање на тајните на Џиу џицуто.

OhridNews