Теквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец – Охрид имаше плоден настап на турнирот „2 Гран при Зворник 2019“ во Бона и Херцеговина освојувајќи вкупно 26 одличја. На турнирот учествуваа 36 клубови од 12 земји, а според учинокот нашиот преставник заврши во горниот дел од табелата.

Пет одличја од вкупниот број на освоени се со златен сјај, додека 10 се сребрени медали и 11 бронзени. Освојувачи на златни медали се Јане Димов кој победи во борби за јуниори 16-17 год +75 кг и форми јуниори плав појас, Давид Велковски кој беше најдобар во борби јуниори 16-17 год -69 кг, Филип Трифуноски во борби кадети 12-13 год + 60 кг и Анастасија Вељаноска која триумфираше во форми јуниорки жолт појас.

Тренерот на теквондистите од охридскиот клуб Марјанчо Лазаревски задоволен е од прикажаното на своите избраници и резултати. Тој упати благодарност до генералниот спонзор ПН Метал.

Освојувачи на медали

Јане Димов

1 место –злато борби јуниори 16-17 год +75 кг.

1 место –злато форми јуниори  плав појас

2  место –сребро борби јуниори-екипно

Давид Велковски

1 место –злато борби јуниори 16-17 год -69 кг.

3 место –бронза форми јуниори црвен појас

2  место –сребро борби јуниори-екипно

Христијан Митрески

2  место –сребро борби јуниори 16-17 год +75 кг.

2  место –сребро форми јуниори црвен појас

2  место –сребро борби јуниори-екипно

Божидар Димитриевиќ

3 место –бронза борби јуниори 14-15 год +70 кг.

2  место –сребро борби јуниори-екипно

Александар Пуцоски

3 место –бронза борби јуниори 14-15 год -63

2  место –сребро форми јуниори жолт појас

2  место –сребро борби јуниори-екипно

Никола Балчески

3 место –бронза борби јуниори 14-15 год -50 кг.

2  место –сребро борби јуниори-екипно

Филип Трифуноски

1 место –злато борби кадети 12-13 год + 60 кг.

3 место –бронза борби кадети екипно

Михаил Јоноски

2  место –сребро борби кадети 12-13 год -45 кг.

3 место –бронза борби кадети екипно

Марио Кртески

3 место –бронза борби кадети 12-13 год -50 кг.

3 место –бронза борби кадети екипно

Давид Крстески

3 место –бронза борби кадети екипно

Елена Јанеска

2  место –сребро борби кадетки 12-13 год +55 кг.

3 место –бронза форми кадетки зелен појас

Анастасија Вељаноска

1 место –злато форми јуниорки  жолт појас

 

OhridNews