Каратистите од охридскиот клуб „Кун-су-то“ освоија вкупно 16 одличја на Меѓународниот турнир кој викендов што измина се одржа во Струга.
Со 15 индивидуални награди и еден тимски пехар каратистите од „Кун-су-то“ беа едни од најдобрите на турнирот на кој учествуваа претставници од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Со златни медали се закитија Тамара Ѓурчиноска во категорија кати родени 2006 ниво 2 и во кумите родени 2006 до 54 килограми, Анастасија Смилевска во категорија борби родени 2009 +40 килограми а таа заедно со Козма Митревски и Дамјан Митревски беше дел од ката тимот 2008/2009 кој освои златен медал и тимскиот пехар. Сребрени медали освоија Дамјан Митрески во категорија борби родени 2009 – 35 кгр, Сара Цикуш во категорија ката родени 2007 ниво 1, Дамјан Митревски категорија ката родени 2009 ниво 2. Со бронзени медали завршија ата екипно 2010/2011 составен од Матеа Грозданоска, Климемт Јанески и Марко Целакоски, Матеа Грозданоска во категорија ката родени 2010 ниво 2 Козма Митревски во категорија ката родени 2009 ниво 2 и во категорија борби родени 2009 – 35 кгр. Марко Целакоски во категорија ката родени 2011 година – Климент Јанески во категорија ката родени 2010 година – Петар Трајчески во кат. борби јуниори – 76 кгр – Михаил Алексоски во кат. борби родени 2006 +55 кгр.
OhridNews