Таеквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид имаше успешен настап на 15-от „Љубљана Опен” кој се одржа во Словенија од 20 и 21 мај освојувајќи 30 одличја во сите конкуренции.
На турнирот кој е еден од најквалитетните на Балканот учествуваа 300 натпревари од 23 клубови од 9 земји. Охридскиот клуб настапи со 15 теквондисти во 3 дисциплини форми и борби поединечно и борби екипно со три екипи кои се натпреваруваа до машки и женски до 14 години и јуниори до 18 години.
Три одличја од 30-те се со златен сјај, 11 со сребрен, а 16 вкупно со бронзен. Охридскиот клуб турнирот во Словенија ќе го памети по многу работи, а традиција на добро преставување продолжи и годинава, откако минатата беше вистинско пријатно изненадување.
OhridNews