Прв меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен 2021“ утрово се одржа во Охрид. Во машка конкуренција учество зедоа 90 пливачи, додека во женска 63.
Вкупно учествуваа 18 клубови од кои дел од странство, 2 клуба од Тирана – Албанија по еден од Приштина – Косово и Крушевац – Србија. Натпреварите се одвиваа во шест возрасни категории, во сите стилови на 50 метри и 100 метри, изјави претседателот на ЗПК “Аква спирит” Миле Јовановски.
Со оглед дека ова е прв настан се надеваме ќе прерасне во традиција додава Јовановски.
Со овој прв настан како клуб докажавме дека имаме капацитет за организација, со помош на Здружението на спортски педагози кои ни помогнаа при екипирањето, како и на тимот на судии во кој беа вклучени 20 луѓе, вели Јовановски.
Инаку, пливачкиот митинг „Охрид Опен 2021“ се одржа во организација на ЗПК „Аква спирит”, со поддршка на Општина Охрид, ОО „Црвен крст Охрид“, како и на бројни помагатели и спонзори.
На Првиот меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен“, што се одржа на отворениот базен на СРЦ „Билјанини извори“, охридските клубови остварија завидни резултати освојувајќи грст одличја.
Резултати на пливачките клубови и школи од Охрид:
ЗПК Аква спирит
Златен медал
50 метри грбно Симеон К. Јовановски (10)
Сребрен медал
50 метри слободно Ведран Томчов (14)
100 метри градно Ведран Томчов (14)
Бронзен медал
50 метри слободно Предраг Мургоски (18)
100 метри слободно Предраг Мургоски (18)
100 метри слободно Симеон К. Јовановски (10)
50 метри градно Ведран Томчов (14)
50 метри слободно Елеонора Грујоска (15)
50 метри слободно Теодора Митреска (14)
Златен медал
50 метри грбно Давид Главинче (13)
50 метри градно Јана Мише (8)
Сребрен медал
50 метри грбно Јаков Поп Марков (10)
Бронзен медал
100 метри слободно Давид Главинче (13)
50 метри грбно Андреј Наумоски (10)
50 метри градно Софија Балоска (14)
ПК Охридски бранови
Бронзен медал
50 метри слободно Валентин Тренески (14)
Најмногу медали на Првиот меѓународен пливачки митинг „Охрид Опен“ освои ПК „Младост“ од Скопје – 28.
Успехот на младите пливачи им го честиташе градоначалникот Константин Георгиески.
Меѓународниот пливачки митинг „Охрид Опен 2021“ кој денеска за прв пат се одржа во Охрид, е од големо значење за развој на водените спортови и унапредување на спортскиот туризам во нашиот град. Им честитам на учесниците кои остварија најдобар пласман со желби за уште поголеми успеси во иднина. – истакна Георгиески.
OhridNews
Фото: Анамарија Момироска