Грст медали за охридските бреинобреин генијалци на Државниот натпревар што уште еднаш се потврди дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ- Црвен крст Охрид е најуспешен во Македонија.

На VII-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата, кој се одржа во Скопје, во конкуренција од 229 натпреварувачи од 9 центри во Македонија, 39 бреинобреин генијалци од Центарот за развивање вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 18 трофеи, 13 златни и 8 сребрени медали, информираат од Црвен крст Охрид.

Додаваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени во среда.

Инаку, охридските бреинобреин генијалци во континуитет нижат успеси и се закитуваат со награди и медали не само на домашни, туку и на интернационални натпревари.

Програма, пак, Бреинобреин важи за една од најдобрите светски програми наменета за развој на животни вештини, мозочниот потенцијал, концентрација, визуелизација, имагинација, креативни способности, лидерски способности, како и поттикнување на самодовербата.

OhridNews