Грст медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација на Меѓународниот А класа Таеквон-до ИТФ натпревар „Србија Опен 2023” каде учествуваа 45 клубови од 15 земји со над 400 натпреварувачи.

Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација беше предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, 2 официјални лица, 2 национални тренери и 3 асистент тренери, а на овај престижен натпревар правдата ја делеа и 4 наши меѓународни судии, додека боите на М.Т.Т.Ф. ги бранеа 18 натпреварувачи.

Миа Танескa се закити со 3 златни медали и пехар за најдобра кадетка 10-11 години. Танеска се натпреваруваше во категорија девојчиња 10-11 години спаринг + 50 кг, и форми девојчиња 10-11 години зелен појас, освојувајќи го првото место во двете категории.

Марио Крстески освои златен медал во форми сениори за црвен појас и бронза во борби сениори -57 кг. Елена Јанеска, која беше и судија и натпреварувач се закити со два медали, злато во борби јуниорки 16-17 години -70 кг, и сребро во форми за црн појас први дан јуниорки 16-17 години. Поради повредата од светското првенство и неможноста да се натпреварува Христијана Парулеска учествуваше како судија.

Сите натпреварувачи на М.Т.Т.Ф вкупно освоија 20 медали од кои 6 златни, 4 сребрени, 10 бронзени медали со што покажаа и ја оправдаа довербата што им беше дадена при изборот на натпреварувачи, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф. упатувајќи благодарност до Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и Агенцијата за Млади и Спорт.

Освојувачи на медали се:

Миа Танеска

1 место спаринг борби +40 кг. девојчиња 10-11 год.

1 место форми за зелен појас девојчиња 10-11 год. Пехар за најдобра кадетка, девојчиња 10-11 год.

Елена Јанеска

1 место спаринг борби -70 кг. јуниорки 16-17 години.

2 место форми за црн појас први дан, јуниорки 16-17 години.

Анастасија Трифуноска

1 место форми за жолт појас девојчиња 12-13 год.

3 место спаринг борби -50 кг. девојчиња 12-13 год.

Марио Крстески

1 место форми за црвен појас, сениори 18-35 год.

3 место спаринг борби -57 кг. сениори 18-35 год.

Софија Колушоска

1 место форми за црвен појас, јуниорки 14-15 години.

Давид Крстески

2 место спаринг борби -63 кг. јуниори 16-17 години.

Климент Богоески

2 место спаринг борби -60 кг. јуниори 14-15 години.

3 место форми за плав појас, јуниори 14-15 години.

Михаил Јоноски

3 место спаринг борби -69 кг. јуниори 16-17 години.

3 место форми за плав појас, јуниори 14-15 години.

Лука Тодороски

3 место спаринг борби -63 кг. јуниори 16-17 години.

3 место форми за плав појас, јуниори 16-17 години.

Даријан Китаноски

3 место спаринг борби -60 кг. деца 12-13 год.

3 место форми за зелен појас деца 12-13 год.

Тамара Тодороска

2 место форми за жолт појас девојчиња 10-11 год.

Михаил Крстаноски

3 место спаринг борби -45 кг. деца 12-13 год.

OhridNews