Карате клубот Кун-су-то со успешен настап на меѓународниот турнир „Funakoshi Gichin“ во Скопје ја започна новата натпреварувачка сезона.

Ката тимот составен од дечиња родени 2009 (Анастасија Смилевска, Козма Митрески и Дамјан Митрески) го освои второто место. Во ката индивидуално Анастасија Смилевска се закити со бронзен медал, додека во истата категорија во машка конкуренција Климент Јанески освои златен медал.


Ката тимот на Кун-су-то родени 2009 година.

Тамара Ѓурчиноска во конкуренција кумите ученици до 44 килограми се искачи на второто место на пиедесталот, додека Петар Додески и Петар Трајчески во кумите-кадети до 63 килограми се закитија со бронзен медал. Успешниот викенд го заокружи Јован Наумоски кој во кумите-јуниори до 76 килограми го освои бронзениот медал.

Сите овие успеси и учества на охридските карате клубови се најава за големиот клупски турнир кој ќе се одржи на 26 мај оваа година.

OhridNews