На големиот и квалитетниот пливачки турнир во Германија кој се одржа на 6 и 7 декември Димитар Камнаровски освои шест одличја.
Пет од нив беа со сребрен сјај додека еднаш Камнаровски се закити со бронзен медал.
На турнирот учествуваа најдобрите пливачи од Германија, Холандија и Луксембург.
Мх.П.