Атлетичарите на АК „Охрид трчаТ“ имаа успешен настап на Националното првенство за пионерки и пионери , што се одржа во Скопје.
Влатко Кркачоски освои прво место во скок во височина, а беше прв и во трката на 100 метри. Матео Сиљаноски стигна до третото место во скок во далечина. Кај девојчињата, Софија Стефаноска освои прво место во фрлање копје, додека Сара Спасеска во истата дисциплина беше втора. Јана Димоска, баш заврпи трета во скок во далечина.
Грст медали за атлетичарите на „Охрид ТрчаТ“ на Националното првенство
АК „Охрид ТрчаТ“ во штафетата пионерки 4х100 освпои второ место, додека штафетата пионери 4х 100 беше трета.
Г.М.