Прилепчанката Христина Ристеска го постигна највредниот резултат на атлетскиот митинг во Бар, откако победи на трката на 400 метри (59,18 секунди).

Втори места на подиумот обезбедија Кристијан Ефремов на 400 метри (49,56) и Јованче Јанковски во скок во височина (195 см).


Охриѓанецот Реџеп Селман ја освои бронзата во скок во далечина (6,91 метри).Славчо Митрески скокна ,, 6,65м доволни за петто место на митингот.

Јулијана Вељаноска заврши како седмопласирана во дисциплината фрлање диск (31,05 метри), додека Спасеска Александра со време (13,28 секунди) заврши како 4 пласирана на трката на 100 метри.

На овој митинг настапиле натпреварувачи од Црна Гора, Хрватска, Србија, БиХ, Албанија, Унгарија и Македонија.

ohridnews