На улица „Александар Турунџе“ во Охрид во близина на фабриката „Застава“ утрово се случи убиство. Под засега неразјаснети околности убиена е жена на возраст од околу 50 години, а уште едно машко лице на слична возраст е тешко повредено.
Како што соопшти СВР Охрид, денес околу 7 ч, од засега непознат сторител извршено е убиство над лицето Стојка Митреска (1953г.) од Охрид. Убиството е извршено со тврд предмет при што на жртвата и се нанесени повеќе повреди во пределот на главата и лицето.
Сопругот на жртвата Д. М. се здобил со повреди во пределот на вратот и градниот кош. Тој се наоѓа на хируршкото одделение и е надвор од животна опасност.
улицата каде се случило убиството
На местото на настанот увид извршија екипи на СВР Охрид, истражен судија и заменик јавен обвинител. Истрагата која е во тек треба да покаже на кој начин се случил овој трагиченн настан. Врз телото на убиената денеска ќе биде извршена обдукција, а тим од полициски службеници работи на прибирање податоци од очевидци со цел да се утврди идентитетот на убиецот и мотивите за извршување на овој грозоморен чин.
Соседите на жртвите се шокирани од веста. Тие велат дека убиената и нејзиниот повреден сопруг биле мирни и добри луѓе кои немале проблеми и расправии со никого.
ohridnews