Грозјето пристигнува со потоплите денови, па немојте да го занемарите бидејќи е многу вкусно и здраво.
Имено, грозјето го чисти телото со активни супстанци, исклучително моќни антиоксиданти кои покрај се го забрзуваат метаболизмот. Брз метаболизам-трошење калории и масти-помалку килограми. Не може да биде поедноставно.
Полифенолите од грозјето прават уште една многу корисна работа – го забавуваат создавањето на масни наслаги со активна помош при согорување на постоечките.
Како што грозјето ја олеснува работата на црниот дроб и спречува создавање на масни наслаги на него, целиот организам ќе работи побрзо и поефикасно, а црниот дроб успешно ќе ги исчисти сите насобрани токсини.
На крај, но не и најмалку важно-грозјето го намалува апетитот. Така со консумација на грозје ќе го наполните телото со корисни нутриенти и истовремено ќе го отстраните гладот, што ќе има одличен ефект врз вашата линија.
Затоа, сите кои сакаат да ослабат треба секогаш при рака да имаат грозје како идеална храна помеѓу оброците, а не е лошо ниту да се изедат неколку зрна пред оброк-побрзо ќе се заситите и ќе изедете помалку калории.
извор:metro-portal.hr