Играчот за врска во српската Војводина и репрезентативец на Македонија, Влатко Гроздановски би можел да ја смени средината до крајот на преодниот рок. За него заинтересиран е германскиот Келн.


Преставници на “јарците“ ги следат подолго време настапите на Гроздановски во “црвено-белиот“ дреса, а биле дојдении на “Филип Втори“, на мечот Македонија – Шпанија 2-3. Како што пренесуваат српските медиуми до средба дошло по завршувањето на натпреварот.

Нормално дека ми одговара што така голем клуб е заинтересиран за мене, но ова беа само прелиминарни разговори– изјави Грозданоски за српскиот Журнал.

Ако би дошло до трансфер, Грозданоски би бил вториот македонец кој ќе заигра за Келн, откако претходно Александар Митрески ги бранеше боите на “јарците“.

ohridnews