Кандидатот за пратеник од коалицијата „За подобра Македонија“, Цветко Грозданов, на прес конференција што се одржа денеска ги демантираше како што рече дезинформациите изнесени од локалната самоуправа дека тој ја попречувал изградбата на канализационата мрежа во Велгошти. Грозданов тврди дека не ја опструира изградбата на одводот во Велгошти, туку дека работите се запрени поради раскинување на договорот од страна на локалната самоуправа со изведувачот „Геонова“ од Велес и изборот на нов изведувач.
Цветко Грозданов
Според Грозданов наместо објаснување зошто се запрени работите, се кажува дека одредени пратеници ги опструираат локалните проекти, што не е вистина. Грозданов вели дека се залагал заедно со централната власт за реализација не само на овој проект туку и за изградбата на водовод во Лескоец, подобрување на водоснабдувањето во Лакочереј, изградба на два стадиони и затворен базен во Охрид, како и за асвалтирање на булеварот Железничка, за што како што рече се обезбедени финансиски средства.
Наспроти овие конкретни проекти, СДСМ во недостиг на програма шири дезинформации. Тој исто така ја обвини локалната самоуправа дека ги започнува големите инфраструктурни проекти без да ги доврши.