СДСМ да побара од градоначалникот Петрески да си поднесе оставка побара денеска охридскиот пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов.

– ВМРО-ДПМНЕ бара, а по вчерашното соопштение на СДСМ и тие да побараат оставка од градоначалникот Александар Петрески, кому поважен му е е туристичкиот престој во Австралија од проблемите на граѓаните во Охрид кои се борат против временските неприлики и високиот водостој на Охридското Езеро, рече Грозданов.

Од СДСМ велат дека за разлика од ВМРО ДПМНЕ, нивната партија знае што е .одговорност и токму поради тоа по меѓусебна консултација било договорено градоначалникот Петрески да ја прекине посетата на Австралија и се врати во Охрид. Од општинската организација во Охрид истакнаа дека имаат целосна доверба во политиката и водењето на општината од страна на Петрески, што, како што беше истакнато било потврдено и со победата на последните локални избори кога тој повторно ја доби довербата од гласачите.

OhridNews