– Во последно време се зборува многу низ медиумите за некоја подвоеност на античка Македонија и на словенска Македонија. Такво нешто не постои, бидејќи хrистијанството е онаа филозофија која ќе ги поврзе, хомогенизира сите жители независно од нивното дури и етничко потекло. Нема реска граница, туку има континуитет на македонскиот простор од античкиот период, истакна Грозданов на промоцијата на новата галерија на икони викендов во Струга.
Тој посочи дека словенскиот фактор бил многу моќен кога се случиле големите населувања на овој простор во седмиот век, а нивното христијанизирање и појавата на Охридската книжевна школа на чело со Св. Климент Охридски ќе се наметне како одлучувачки фактор во понатамошниот развој и на христијанството во Србија, Бугарија и подоцна во Русија.