Мини подготовките во Охрид ќе бидат одлична можност најдобрите македонски фудбалери да се подготват што подобро за одлучувачките дуели во 9 – та група, каде за второто место по еднакво конкурираат Македонија, Шкотска и Норвешка.В сабота прво ќе ги одмериме силите со  Шкотска , а четири дена подоцна и со Норвешка.

Последните два натпревари се најважни, а ние како никогаш досега имаме можност да стигнеме до второто место кое би не одвело во баражот. Добро ги познаваме нашите противници ротив кои во СКопје имавме половичен успех, победа против Шкотска 1-0 и реми 0-0 против Норвешка. Секако дека за нас проблем плус ќе биде тоа што играме во гости но мислам дека сме кадарни да изненадиме – вели играчот за врска Влатко Грозданоски

М.П.