Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Грозданоски зимскиот распуст како и новогодинишните и божиќните празници ги минува во Македонија каде ќе одлучува што понатаму во својата фудбалска кариера.

Репрезентативниот играч за врска го затекнавме во охридската дискотека “Парk“ каде заедно со пријателите Ламбе Алабакоски и Елена Ристеска беше дел од предновогодишната забава на спортските обложувалници “Премиер“.

Слободен сум до 8 – ми Јануари кога треба да се вратам во базата. Во моментов имам неколку понуди од Русија кои заедно со мојот менџар ќе ги разгледам и ќе донесеме кончената одлука дали ќе ја менувам средината или ќе останам во Србија – вели расположениот Грозданоски.

Одговорот на прашањето дали северниот сосед и Војводина ќе ги замени со “северниот“ пол и ладната Русија ќе биде познат по новогодишните празници.

 М.П.