Во издание на ПНВ Публикации од Скопје од печат излезе новата книга од Славе Ѓорѓо Димоски „Грозје од кукавица“.
Книгата претставува завршен дел од трилогијата со неоангажирана (терминот е од авторот) поезија (другите две книги се „Извештаи на Рисот, 2016 г. и „Јазик и леб“,2019 г.), бидејќи во однос на класичната анагажирана поезија, која често е и патетична, овде се пародираат општочовечки и национални теми како стравот, сомнежот, свеста дека е изгубена секоја надеж, химната, најпознатата реченица на Делчев, дека владее логиката на интересот, а не логиката на моралните вредности итн.
Во книгата се воспоставува однос помеѓу политиканството кое шири разочарувачки дехуманизирани сигнали и поезијата која е нешто последно што може да ја спаси чистата човечка свест.
Промоцијата на книгата ќе се одржи на 27 јуни во Кафе и бар „Шила“ во 19 часот.
OhridNews