И покрај најавеното невреме еден кинески пар, кој се венчал пред неколку месеци одлучил да прошета по Кинескиот ѕид. Во тој момент удрил гром, паднале и починале на самото место.
Кинеските медиуми пишуваат дека двајцата биле 27-годишни и дека спасувачката екипа пристигнала два часа после несреќата. Во моментот на несреќата на ѕидот имало уште тројца туристи кои за среќа поминале со полесни повреди.