Во големото невреме што изминатото деноноќие го погоди Охридскиот регион гром удрил во куќа во селото Оровник.

За среќа громот не предизвикал пожар и избегната е катастрофа.Од ударот на громот оштетен е покривот на куќата.

На местото на настанот денеска беше градоначалникот на општина Дебaрца Игор Трајковски, кој најави дека локалната самоуправа ќе помогне да се санира штетата на куќата што ја предизвика удар од гром.

OhridNews