Петнаесет лица се повредени кога гром удрил на музички фестивал на североисточниот дел на Франција. Двајца од посетителите на фестивалот се потешко повредени. Громот вчера попладне удрил во главниот шатор во кој се одржувал фестивалот, во малото место Азрај. Фестивалот веднаш е прекинат, а повредените се пренесени во болница. Според пожарникарите, тие имале изгореници по телото.

На фестивалот присуствувале околу 150 посетители кои се евакуирани.