Во Колумбија од удар на гром, на оддалеченост од неколку метри од местото на кое се одржувала вежба, повредени се 77 војници. „Војниците од 29. бригада на копнената војска вежбаа покрај нивниот центар во градот Попајан кога удрил гром“, рекол портпаролот на војската, Луис Фернандо Рохас.
Петнаесет војници примиле лекарска помош на местото на несреќата, додека останатите 62 биле пренесени во болница.
„Војниците се здобиле со изгореници, а некои од нив имаат и потешкотии со слухот“, рекол Рохас.