Синоќа гром повреди 4 лица и усмрти над 70 овци, кози и неколку овчарски кучиња во битолското погранично село Граешница, информира МТВ.
Повредени се двајца овчари од кои едниот бил два часа во бессознание, а вториот е згрижен во битолската болница. Децата кои биле покрај стадото се исто така повредени, но полесно. Несреќата се случила откако овчарите се обиделе да го заштитат стадото под дрво, на ливадите покрај селото.
OhridNews
извор МТВ