На недела дена пред почетокот на Првата македонска кошаркарска лига, АВ Охрид го откажа своето учество и нема да биде дел од новата сезона.
Повлекувањето кое помеѓу охридската и македонската кошаркарска јавност предизвика шок и неверување, „галебите“ го потврдиле и во Кошаркарска федерација на Северна Македонија со официјално соопштение.
Вечерва, кошаркарите ќе имаат состанок со управата на клубот на кој ќе им биде соопштена одлуката од сопственикот Милчо Донески.
Годинава, клубот почна многу сериозно назначувајќи го Марјан Илиевски за тренер надополнето со уште неколку квалитетни кошаркари. АВ Охрид во четиригодишното постоење една сезона играше во Втората лига а три сезони беше дел од кошаркарската елита.
Мх.П.