Најмалку 25 луѓе биле повредени на еден аматерски фудбалски натпревар во австрискиот град Лобен, кога гром удрил на теренот. На натпреварот кој се одиграл во вторникот никој од повредените не бил директно погоден од громот, но силата на ударот била толку голема што неколку луѓе паднале во несвест.


Австриските власти се обиделе да испратат медицински екипи и хеликоптер на местото на несреќата, но невремето било толку силно што тоа било невозможно. Повредените биле сместени во болница, каде им била пружена потребната нега. Повеќето од нив добиле изгореници и слични повреди.