Гробот на еден од најпознатите англиски кралеви, Ричард Трети, бил пронајден, веруваат научниците, под паркинг во градот Лестер. Тој, имено, загинал во борба кај Босфорд Филд во 1485 година, а бил познат по својата немилосрдност и суровост, а се верува и дека ги убил своите внуци. Најверојатно низ вековите ќе биде запамтен по реченицата која во уста му ја ставил Шекспир, и која гласи „Коњ! Коњ! Кралство за коњ!“.

По завршувањето на долгогодишните борби неговиот гроб бил заборавен, а како така не би останало се погрижила група археолози и научници кои веруваат дека го пронашле токму неговиот костур. Дали навистина се работи за неговите посмртни останки, ќе дознаелме во наредниве денови кога археолзозите ќе објават точно до какви резултати дошле.