По пауза од речиси седум месеци и серија од 20 натпревари без победа, бундеслигашот Гројтер Фурт вечерва конечно триумфираше во германското фудбалско првенство, совладувајќи ја Унион Берлин со 1:0.
Стрелец на победничкиот гол за домаќините беше Хавард Нилсен во 56 минута. Норвешкиот интернационалец на Гројтер му ја донесе првата победа од 23 мај кога со триумфот на домашен терен над Фортуна Дизелдорф (3:2) ја обезбеди промоцијата во Бундеслигата.
Повратникот во германското прволигашко друштво е последнопласиран на табелата со само четири бодови по 14 одиграни кола.
OhridNews