Кога не можат напаѓачите тогаш можат бранителите. Грнчаров кој стартуваше на мечот благодарние на суспензијата на Деспотовски и повредата на Новески успеа да ја погоди противничката мрежа и да го прекине гостинскиот голгетерски пост.
Играчот на кипарскиот Апоел по долги 583 минути конечно успеа да ја погоди противничката мрежа на гостувањата. Погодокот на Грнчаров сепак не беше доволен да се избегне поразот од Норвешка со 2-1.
Интересено, последен фудбалер кој постигнал гол на гостувањата беше исто така бранител и тоа Седлоски, на натпреварот против Хрватска,но и тој натпревар го загубивме со идентични 2-1.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com