За најкорисен играч на турнирот со  7 од 11 гласа од тренерите беше избрана гркињата Артемис Спаноу кој беше и најдобар стрелец на турнирот со просечни 19,4 поени по натпревар.


– Задоволна сум од она како одигравме и му благодарам најмногу на тимот за она што јас го направив. Доста радо би ја заменила мојата МВП титула со пласман во А дивизијата, но што е тука е, ќе се обидеме наредната година да се избориме за место во елитата. –рече Спаноу.


Во идеалната петорка на шампионатот се најдоа Артемис Спаноу (Грција),Ленка Бартакова (Чешка) Мишел Брандао (Португалија) и шведското дуо Фарија Абди и Клеопатра Форшман-Гога.