ГРК Охрид претстојниот период во салата „Билјанини извори“ ќе одигра три пријателски натпревари во рамки на подготовките за вториот дел од сезоната во ракометната Супер лига.
На 31 јануари, петок, ГРК Охрид ќе ги одмери силите со РК Прилеп. Натпреварот почнува во 18:00часот. На 1 февруари, сабота,„гладијаторите“ ќе се сретнат со РК Куманово во 14:00часот, а во среда, 5 февруари Охрид ќе одигра контролен натпревар со Вардар 1961. Средбата почнува во 18 часот.
Влезот е слободен, информираат од клубот.
Г.М.